Осуммина уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и возач кој возел во спротивна насока со забрана

Осум возачи биле уапсени во изминатото деноноќие на различни локации низ државата, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од нив, четворица управувале возила без положен возачки испит, двајца возеле под дејство на алкохол, а двајца управувале возила и покрај активна забрана за возење.
Без положен возачки испит биле затекнати В.П. (45) од Скопје, Н.Е. (56) од скопското село Морани, А.А. (35) од Студеничани и Т.Б. (20) од Турција, со престој во Тетово.
Под дејство на алкохол возеле Г.Н. (35) од Пробиштип и Х.Ј. (30) од Битола, додека Н.А. (22) од Скопје и Д.Б. (40) од Штип управувале возила и покрај активна забрана. Дополнително, возачот од Штип возел и во спротивна насока.
По целосно документирање на случаите, против осумтемина ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



