Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на косовскиот премиер

26.08.2026, 06:02

Денеска во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерот на Косово, Албин Курти.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

 

фото/Depositphotos

Поврзани вести