Семејно насилство во повеќе градови – нападнати родители, сопруги и 13-годишно дете

Шест случаи на семејно насилство и закани се регистрирани во полицискиот билтен, при што пет лица биле лишени од слобода, а против едно лице е поднесена кривична пријава.
Во делчевско село, синоќа во 23:10 часот, полицијата го привела А.Л. (45), по пријава дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе следува соодветна пријава.
Во тетовско село, полицијата го привела П.А. (24), откако неговата 49-годишна мајка пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом по претходна расправија.
Во Гостивар, 35-годишниот Х.Д. бил уапсен по пријава од неговиот 70-годишен татко дека по расправија физички ги нападнал него и неговата сопруга. Исто така, гостиварската полиција поднела кривична пријава против В.Д. (29), осомничен дека на 16 октомври ѝ се заканувал на својата 52-годишна мајка.
Во Ресен, полицијата го привела Е.Џ. (24) поради физички напад врз неговата невенчана сопруга.
Во гевгелиско село, пак, бил приведен 45-годишен маж, кој според пријавата агресивно се однесувал кон сопругата и нивните малолетни деца во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.
Од МВР информираат дека по документирањето на случаите ќе следуваат соодветни пријави и поднесоци.



