Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција: уапсен 56-годишен маж

Вчера во село Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода 56-годишниот А.А. од селото, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

