Петок, 13 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Ѓорѓиевски: Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела! Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, се одржала традиционалната средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Им се заблагодарив за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Поврзани вести