Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жена од Струмичко

Маж од Струмичко сакал да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село.

Тој се сомничи дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

Полицијата соопшти дека тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.

Поврзани вести