„Task Force“ пронајде дрога и уапси две лица од Гостивар и гостиварско

Вчера околу 17:00 часот во село Врапчиште, гостиварско, полициски службеноици од мобилнио тим „Task Force“ ги лишија од слобода 40-годишниот К.С. од Гостивар и 22-годишниот Н.Б. од село Врбјани.
При контрола во такси возило со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, извршен е преглед над нив, при што кај К.С. е пронајдена и одземена марихуана, додека кај С.М. е пронајден и одземен предмет со остатоци од кокаин.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.


