(Видео) Ристовска Додевски: Пет месеци молк од Бетон Герасимовски за небезбедното градење на Водно, жителите без одговор од Општина Центар

„Пет месеци општина Центар нема слух за жителите на улицата Славејко Арсов. Пет месеци молк од Горан Бетон Герасимовски, иако граѓаните уредно алармирале до локалната самоуправа за сериозни урбанистички и инфраструктурни проблеми, кои можат да доведат до големи последици по безбедноста на граѓаните и жителите на оваа улица“, кажа Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.
„Имено, Станува збор за слепа улица без соодветен простор за завртување, без тротоари, недоволен број на паркинг-места и инфраструктура за нови градби. Особено загрижува отежнатиот пристап на брзата помош и противпожарните служби, а исклучително е важно што токму тука се наоѓа градинката „Кочо Рацин“. Со тоа се загрозува безбедноста на децата и жителите коишто ги носат децата во оваа градинка.
Наместо молк од потпретседателот на Филипче, Горан Бетон Герасимовски да се добие одговор зошто урбанистичкиот развој не е проследен со соодветна инфраструктура и заштита на јавниот интерес? Граѓаните не се пречка за развојот, граѓаните се причина поради која што постои општината.
Нашата порака е јасна: безбедност, инфраструктура и законитост, а дури после тоа градење и дозволи за градење. Токму затоа, советничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе предложи оваа иницијатива да биде составен дел од дневниот ред на следната седница на советот на Општина Центар. На потег се останати советнички групи. На потег е Горан Бетон Герасимовски“, изјави Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.



