Тепачка меѓу навивачки групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Едно лице е повредено, а друго е приведено по физичка пресметка меѓу навивачки групи пред спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, помала група припадници на навивачката група „Фемили“ нападнала навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“, кои чекале да влезат на спортски натпревар.
Инцидентот бил пријавен денеска, околу 18:55 часот во СВР Скопје.
Од МВР информираат дека повеќе членови на навивачката група „Фемили“ се движеле од улицата „Васко Карангелески“ кон спортската сала, каде што претходно биле собрани околу 50 навивачи на КК „Работнички“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


