Вторник, 10 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Тешто повредена малолетничка: ја удрил електричен тротинет

Вчера во 11:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, електричен тротинет удрил во 17-годишна малолетничка од Косово и го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести