Тринаесеттата Кнауф Академија во Скопје ќе ги отвори темите за „Објекти на спектаклот“

Knauf, Knauf Ceiling Solutions и Knauf Insulation на 22 октомври 2026 година во Скопската филхармонија ќе ја одржат тринаесеттата по ред Кнауф Академија, наменета за архитекти и проектанти.
Овогодишното издание, што се реализира во соработка со колегите од Србија, ќе биде посветено на централната тема „Објекти на спектаклот“ – архитектонски и технички решенија за објекти во кои просторот, акустиката и доживувањето на публиката играат клучна улога.
Настанот ќе се одржи во импресивниот простор на Филхармонија, објект кој сам по себе претставува симфонија на современата архитектура и акустика и е соодветна сцена за разговор за современото проектирање на објекти со високи функционални и естетски барања.
Во рамки на програмата, учесниците ќе имаат можност да проследат актуелни теми и стручни предавања, со фокус на специфичностите на проектирањето и акустичните решенија за објекти на спектаклот, како и да разменат искуства со колеги од земјата и регионот и со експерти од групацијата Knauf.
За оние кои нема да присуствуваат физички овозможено е следење преку streaming.
YouTube линк:


