Вторник, 20 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ГРАДИТЕЛИТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ, СТОЛАРИТЕ - СВ. ТОМА

20.10.2026, 09:52
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ГРАДИТЕЛИТЕ, ПОЖАРНИКАРИТЕ, СТОЛАРИТЕ - СВ. ТОМА

Оваа година, по повод Свети Тома – Денот на градителите, столарите, пожарникарите кумството на традиционалната прослава во Струмица го презеде компанијата ЖИКОЛ.

За нас, ова не е само чест, туку и признание за децениите посветена работа, професионалност и доверба што ја градиме заедно со струмичката и македонската заедница.

Следната година, ЖИКОЛ одбележува 40 години постоење. Четири децении посветени на создавање трајни вредности и градење дела што го менуваат просторот во кој живееме – патишта, мостови, училишта, станбени комплекси и инфраструктура што ги поврзува луѓето и ги отвора патиштата кон иднината.

Вистинското неимарство - градителство се мери со она што е изградено денес, но уште повеќе со она што ќе се изгради во иднина и ќе ја зголемат вредноста која останува за генерациите што доаѓаат.

Горди сме што сме дел од оваа традиција и што имаме чест да бидеме кумови на прославата на неимарите кој традиционално се одржува на денот посветен на нашиот заштитник Светиот апостол Тома.

Нека Свети апостол Тома ги чува и закрилува сите неимари, градежници и архитекти, како и сите за кои градењето е смисол на животот.

Поврзани вести