Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска, а подолг период ја следел и вознемирувал.
Од МВР информираат дека тој бил лишен од слобода на 13 ноември во 19:40 часот и е задржан во Полициската станица во Гевгелија.
За случајот е известен јавен обвинител, а против 36-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава. Тој треба да биде изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија.
