Вторник, 27 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Филипче со жителите на Босилово: Рудник Иловица – Штука нема да има, нема да дозволиме Мицкоски да ја распродава земјата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и пратениците Јована Тренчевска, Борче Цветков и Миле Цеков вечерва остварија средба со жителите од општина Босилово.

„Ова не е партиски собир, ова не е собир на членови на СДСМ, овде се присутни граѓани коишто се членови на други политички партии, дури и на ВМРО, меѓутоа и граѓани коишто не членуваат во политички партии и се едноставно исплашени за најавата дека овде ќе се отвори рудникот во општина Босилово поточно во местото Штука односно Иловица – рудник за којшто концесиите се даваа, се одземаа итн.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Меѓутоа еве сега оваа власт покажува сериозни намери да овој рудник тука се отвори. Сакам да го образложам прво целокупниот овој процес. Имено сега во овој период има предлог да се донесе нов просторен план за територија на цела држава и за тој просторен план којшто се носи од Министерството на животна средина има јавни дебати“.

Тој упати порака до Мицкоски дека рудник нема да има.

„За прв пат тука, во Крива Паланка меѓутоа и на Кожув во близина на Гевгелија се маркирани рудници. Тоа значи дека оваа власт има намера овие рудници коишто се маркирани во новиот просторен план, којшто е прв чекор во процесот формален и официјален на отворањето и ставањето функција на рудниците тоа да се случи. И затоа сакам да упатам јасна и недвосмислена порака – нема да дозволиме оваа власт на Христијан Мицковски во состојба и ситуација кога се притиснати од сите страни и немаат пари за ништо, затоа што целокупните неколку минати буџети од овие повеќе од две и пол години колку се на власт ги потрошија на партиски тендери, сега да ја распродаваат македонската земја за нивни бизнис интереси.

Сакам да им упатам јасна и недвосмислена порака дека рудник овде нема да има и дека тоа ние ќе го гарантираме, прво како пратеници, а второ и како граѓани на оваа држава, затоа што никој нема право да ја распродава македонската земја за сопствени бизнис интереси. Нема да дозволиме да поминат формалните процеси затоа што ќе бидеме експлицитно против, со аргументи, на крајот на краиштата ќе формираме и жив ѕид – овде рудник нема да нема да има“, порача Филипче.

Поврзани вести