(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

„Пендаровски призна дека објектот кој се гради во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу. Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој беше директно назначен од Пендаровски, гради зграда во Влае, нешто коешто со административна плата како директор, или пак како обичен вработен, не се заработува таа сума“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Токму ова е таа шема на СДС која за жал владееше со години во Македонија. Организираната криминална група е токму СДС на чело со криминалецот без тапија Филипче. Сите нивни функционери, кога излегоа од политиката или им завршија мандатите на функциите, веднаш отворија фирми, бизниси, градат згради, исто како што прават Филипче и Зоран Заев.
Во таа насока, очекуваме јасни одговори од соработникот на Пендаровски, од каде му се милионите за изградба на зградата во Влае? Дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал и дали можеби има и судир на интереси?
Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.
Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да го истражи овој случај“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.




