Понеделник, 16 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Штерјова: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО-ОКГ

Вчера во Охрид се случи уште еден грозоморен чин на брутално насилство врз млада девојка. Сара. Безмилосно е претепана, фрлена на улица и оставена да умре. Сторителот е син на високи вмровски функционери, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ.

„За среќа, девојката преживеала.

Потресно е сведоштво на мајката на Сара, која се наоѓа во болница.

Изразуваме целосна поддршка и солидарност со Сара и целото нејзиното семејство. Таа заслужува заштита, мир и услови за закрепнување. Не страв дека повторно ќе биде нападната“.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото

Според јавното сведоштво на мајката, осомничениот, додава Штерјова, бил пуштен на слобода, додека нејзината ќерка стравува за сопствената безбедност.

Како што појасни, имало обиди за прикривање на случајот и влијание врз медицинската документација.

„Само затоа што насилникот е син на Љубинка Корабоска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), предложена на таа функција од ВМРО-ДПМНЕ, и на Гоце Корабоски, инспектор во УЈП, за кого се зборува дека има блиски релации со Мицкоски.

Ова е последица заштитата којашто Панче Тошковски им ја овозможува на криминалците на власт, неказинивоста, контролата над судството и обвинителството и партизацијата на системот од страна на ВМРО.

Телохранител на Мицкоски кој ја тепаше сопругата па беше ослободен, во Богданци млада девојка беше жива запалена, за 5 тони дрога нема одговорност, Симо наместо во затвор е пуштен за гласови, во Куманово сериски убиец, секој ден жртви на насилство. Нема пари за електронски алки а има за Гета од 5,53 милиони евра“.

Неказнивоста, оценува Штерјова, ги охрабрува насилниците. Како што рече, пропустите на МВР и штитењето на криминалот имаат фатални последици.

Побара, веднаш да се утврдат сите пропусти, влијанија и обиди за заштита на осомничениот насилник.

„Бараме одговорност од сите и нивно разрешување од позииите. Бараме итна и ефективна заштита на Сара. Како жени, нема да молчиме туку силно ќе се спротиставиме. Нема да прифатиме жените во Македонија да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи само затоа што се блики до ВМРО. Пред нас е борба со мафијата – против злоупотребите на ВМРО, против злоупотреба на моќта, врските и притисоците, против неказнивоста. Бандата ќе одговара“.

Поврзани вести