Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Залутан куршум оштети автомобил во Брњарци, полицијата го расчистува случајот

12.09.2026, 16:56

Залутано зрно од огнено оружје оштетило автомобил во селото Брњарци, скопско. Случајот бил пријавен во полицијата откако 39-годишен жител забележал оштетување на хаубата од својот автомобил.

Според пријавата, оштетена е хаубата на „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде дошло залутаното зрно и под кои околности било испукано.

Поврзани вести