На Табановце уапсен Црногорец: возел со 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч

Вчера во 14:25 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот М.Н. од Црна Гора, откако при проверка на патничко возило „бмв“ со црногорски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Имено, претходно на автопатот Скопје – ГП Табановце, кај клучка Дељадровци, управувал со возилото со брзина од 185 километри на час на место каде максимално дозволената брзина 100 километри на час.
Тој бил спроведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
