Почесна артилериска стрелба вечерва во Скопје

По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, вечерва во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде извршена почесна артилериска стрелба, информираат од Генералштабот на Армијата.

Стрелбата ќе започне во 19 часот, а припадниците на Артилерискиот баталјон на Армијата ќе истрелаат 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија.

Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата по повод Денот на независноста.

Scroll to Top