Претрес во Скопје, пронајдена дрога и фалсификувани пари: уапсен 46-годишен маж

Вчера во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 46-годишниот Е.К. од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од 100 денари.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Scroll to Top