Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината

08.10.2026, 12:46

Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци до крајот на годината, велат од СДСМ.

Членката на Извршниот одбор на партијата, Симона Цветаноски, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата со државната каса е катастрофална и дека буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра.

„Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари за плати и пензии и тековни трошоци до крајот на годината. Затоа нов ребаланс. Втор само два месеци после последниот ребаланс“, рече Цветаноски.

YouTube · кликнете за да се вчита видеото
<span data-mce-type=”bookmark” style=”display: inline-block; width: 0px; overflow: hidden; line-height: 0;” class=”mce_SELRES_start”></span>

Според неа, најавениот ребаланс не е поврзан со мерките за горивата, како што тврди Владата, туку со потфрлањето на буџетските приходи.
„Наместо да скрати од непродуктивните трошења, да го запре луксузот и партиските тендери – повторно нови задолжувања“, обвини Цветаноски.

Таа посочи дека Владата веќе започнала постапка за задолжување од 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината, а дека следува и ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Поврзани вести