Ноќеска во 00:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 48-годишниот В.С. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.







