По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска претседателскиот кабинет го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопките градинки „Орце Николов“ – Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи.
„Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија.

Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала.

Одговарајќи им на умните прашања за моите омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција, искрено признав дека нивните прашања ме вратија во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава“, соопштуваат од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.







