АВТОМОБИЛ ЗА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ НОВАТА OPEL CORSA GSE ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА „CARWOW – АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА 2027“

Возбудлив спортски хечбек: Редакцијата на Carwow Германија ја прогласи новата Corsa GSE за „автомобил за вистинско уживање при возење“ за 2027 година.
Чиста електрична моќност: 207 kW (281 КС), вртежен момент од 345 Nm и забрзување од 0 до 100 km/h за само 5,5 секунди.
Дизајн што го забрзува пулсот: GSE-дизајн на предниот и задниот дел, 18“ фелни, високоперформансни сопирачки Alcon, спортски седишта и дигитални дисплеи, жолти безбедносни појаси и многу повеќе.

Комбинирани вредности за Opel Corsa GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 16.0-17.0 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A
Комбинирани вредности за Opel Mokka GSE според WLTP: Потрошувачка на енергија 18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A
Спортски хечбек што го забрзува пулсот или едноставно кажано, вистински автомобил што овозможува уживање при возење! Токму таква е новата Opel Corsa GSE. Сега тоа е и официјално потврдено, независната редакција на Carwow Германија го награди новиот целосно електричен спортски автомобил со признанието „Carwow – автомобил на годината 2027“, прогласувајќи го за автомобил што овозможува вистинско уживање при возење. Corsa GSE уште еднаш докажа дека ги воодушевува и пошироката јавност и автомобилските експерти. Моќниот електричен модел неодамна ја имаше својата премиера на саемот за автомобили во Париз, каде што привлече огромно медиумско внимание за време на промотивниот настан по повод неговото претставување. Со освојувањето на наградата „Carwow – автомобил на годината 2027“, доделена од оваа влијателна онлајн-платформа за нови и половни автомобили, Corsa GSE, која веќе е достапна за нарачка, го освои и своето прво големо признание.
„Новата Opel Corsa GSE ја продолжува традицијата на Opel за возбудливи спортски хечбек-модели и покажува колку забавно може да биде возењето целосно електричен автомобил. Најспортската верзија на нашиот најпродаван мал автомобил ги освојува симпатиите на љубителите на автомобили, експертите и купувачите. Наградата „Carwow – автомобил на годината“ е силна потврда за тоа. Пресреќни сме поради ова фантастично признание“, изјави Patrick Dinger, директор на Opel Германија.
„Импресивни 281 КС, големи сопирачки со дијаметар од 355 милиметри и спортски седишта што обезбедуваат одлична потпора, Opel Corsa GSE ги има сите предуслови за вистинско уживање при возење. Благодарение на механичкиот диференцијал со ограничено пролизгување на предната оска, кој паметно ја распределува погонската сила, возењето низ свиоци со Corsa GSE е уште позабавно“, оценува жирито на Carwow Германија.
Од 0 до 100 km/h за 5,5 секунди: ниту еден актуелен сериски модел на Opel не забрзува побрзо
Новата Corsa GSE е вистински спортски хечбек, кој во целост го оправдува своето име. Кратенката GSE означува „Grand Sport Electric“, но може да се протолкува и како „goosebumps, speed and emotions“ (наежување, брзина и емоции). Како спортска изведба на најпопуларниот мал автомобил во Германија и Велика Британија, Corsa GSE овозможува сè што може да се посака од автомобил со високи перформанси. Со спуштена шасија, Torsen диференцијал со ограничено пролизгување, моќност од 207 kW (281 КС) и вртежен момент од 345 Nm, новиот модел располага со иста електрична моќност како и Mokka GSE. Сепак, Corsa GSE уште поубедливо ги демонстрира своите спортски способности. Од место до 100 km/h забрзува за само 5,5 секунди, со што станува најбрзиот модел во актуелната сериска понуда на Opel. На делниците од германските автопати без ограничување на брзината, возачите можат да забрзаат до максимални 180 km/h. Спортскиот карактер дополнително е нагласен со активниот спортски звук, развиен специјално за новата Corsa GSE. Неговата интензивност се менува во зависност од забрзувањето и брзината, правејќи ги перформансите звучно доживување и за возачот и за патниците.

Новата Opel Corsa GSE уште на прв поглед го открива својот спортски карактер и високите перформанси. Како најмоќната сериска верзија на Corsa досега, таа се одликува со бројни специфични GSE детали, почнувајќи од предниот браник со уникатен дизајн и впечатливите црни декоративни елементи, па сè до задниот спојлер и спортските 18“ алуминиумски фелни. Спортскиот дух продолжува и во внатрешноста, каде што се издвојуваат спортските седишта со интегрирани потпирачи за глава и GSE логото.
Истовремено, инженерите на Opel се погрижија целосно електричната Corsa GSE, и покрај својот спортски карактер, да ја задржи практичноста потребна при секојдневна употреба. Оваа Corsa не е само автомобил која овозможува вистинско уживање при возењето, туку и пријатен сопатник на подолги патувања, што го докажа и со патувањето од Сарагоса до Париз. Како и кај секоја електрична Corsa, и кај овој спортски модел волуменот на багажниот простор се движи од 267 до 1.042 литри. Стандардната опрема, која вклучува функција за греење на седиштата и управувачот, 180о камера за возење наназад, навигациски систем, адаптивен темпомат и систем за пристап и стартување без клуч, придонесува за поголема удобност и безбедност. Доколку возачите на Corsa GSE сакаат да напојуваат надворешни уреди, тоа можат да го направат со помош на енергијата од батеријата на возилото, благодарение на двонасочниот вграден полнач со функција V2L (Vehicle-to-Load). На овој начин, новата Corsa GSE го обединува најдоброто од двата света: возбудлив автомобил што овозможува вистинско уживање при возење, а истовремено без напор се справува со предизвиците на секојдневието.
Оваа година се одржа петтото издание на наградите „Carwow – автомобил на годината“. Стручното жири ги оценуваше возилата во единаесет категории, при што беа земени предвид критериуми како што се цената, перформансите, дизајнот, ентериерот, одржливоста, ефикасноста, удобноста и практичноста

