Недела, 22 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Бруно Фернандес: Да стануваше збор за пари, немаше да бидам тука

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, откри дека одбил две понуди од клубот за продолжување на договорот, но нагласи дека причината не биле парите, туку желбата тимот да се врати на победничките патеки.

Договорот на Португалецот (32) истекува на крајот од сезоната, иако Јунајтед има опција да ја продолжи соработката за уште една година.

„Во моментов нема преговори. Видов луѓе како зборуваат за тоа како барав повеќе пари или подолг договор. Да сакав повеќе пари, немаше да бидам тука. Имав каде да одам и да заработувам многу повеќе отколку во Манчестер Јунајтед. Можев да бидам некаде многу потопло од Манчестер“, изјави Фернандес за „Скај Спортс“.

Капитенот на „Црвените ѓаволи“ истакнува дека во претходните години имал бројни можности да замине од клубот.

„Пред две години, пред три години, минатото лето – секогаш имав можност да заминам и секогаш избирав да останам. Мислам дека покажав колку се грижам за клубот и колку сакам да победувам тука. Секогаш велев дека ќе заминам во моментот кога клубот ќе одлучи дека е време да заминам.“

Фернандес рече дека нема да инсистира да остане ако Јунајтед повеќе не го сака.

„Нема да бидам еден од оние играчи што сум ги видел во Јунајтед, кои остануваат само за да останат. Во моментот кога клубот ќе ми каже: „Бруно, време е да се разделиме“, јас ќе бидам првиот што ќе излезе“.

Португалецот потврди дека клубот му понудил нов договор, но дека тој решил да ги остави разговорите настрана.

„Ми понудија нов договор, што покажува дека сакаат да останам. Разговаравме на крајот од минатата сезона и повторно на почетокот на оваа сезона, но со оглед на ситуацијата во тимот и клубот, решив да го оставам настрана. Не мислам дека сега е вистинско време за преговори, ниту за мене ниту за клубот. Најважно е Манчестер Јунајтед повторно да почне да победува.“

Фернандес не крие дека неговата цел е да ги освои најголемите трофеи со Јунајтед.

„Мојата цел секогаш ќе биде да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите со клубот за кој играм.“

Португалецот одбива да прифати дека завршувањето меѓу првите четири во Чемпионшип треба да биде крајната цел на Јунајтед, иако признава дека освојувањето на титулата оваа сезона е малку веројатно.

Зборувајќи за незадоволството на навивачите на клубот, тој беше краток:

„Навивачите беа премногу трпеливи со нас“.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести