Недела, 22 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

ВИДЕО: Во Јапонија претставен телефон без интернет

Јапонската корпорација KDDI претстави мобилен телефон со ограничени можности, наменет за луѓе кои сакаат привремено да направат пауза од користењето на интернетот.

Според порталот „NHK World“, од KDDI најавија дека новиот телефон ќе се најде во продажба следниот месец.

Новиот модел е дизајниран така што наликува на телефоните што беа популарни на почетокот на 21-от век; корисниците на овие уреди не можат да преземаат апликации ниту да пристапуваат до интернет.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Компанијата се обраќа кон поединци кои сакаат привремено да се исклучат од дигиталниот свет, со оглед на тоа што во денешното информатичко општество луѓето поминуваат сè повеќе време пред своите паметни телефони“, наведоа од компанијата.

Се очекува новиот телефон да биде привлечен за љубителите на ретро уреди и аналогна култура.

Сатоши Сунахара, менаџер во KDDI, вели дека компанијата се надева оти новиот телефон ќе им помогне на луѓето кои инаку поминуваат премногу време гледајќи во екрани. Американски и швајцарски производители претходно веќе имаат претставено слични мобилни телефони со минимална функционалност.

Поврзани вести