Бруно нема време да размислува за новиот договор

Со месеци се дебатира дали Бруно Фернандес и наредната сезона ќе биде капитен на Манчестер Јунајтед, впечатокот е дека по доаѓањето на Маурисио Покетино, тој е подготвен да остане во клубот.
На прес конференцијата пред мечот со Спортинг во Лигата на шампионите, зборивите што ги кажа, им даваат надеж на навивачите дека Португалецот ќе остане на „Олд Трафорд“.
„Прво треба да почнеме победуваме, а потоа можеме да разговараме за договорот. Тоа сега не е важно. Се работи за мојата иднина. Не ми останува многу, но ќе имаме време да разговараме за тоа. Разговорите престанаа кога помисливме дека сега не е вистинскиот момент“, рече тој.
Да потсетиме, во неделата, Јунајтед доживеа дебакл од Ливерпул на „Енфилд“ на дебито на Маурисио Покетино. Јунајтед, вечерва гостува во Лисабон, кај поранешниот клуб на Бруно, Спортинг.
Foto/ Depositphotos



