Недела, 15 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Гвардиола нема намера да биде селектор на САД

Пеп Гвардиола нема намера да ја преземе фудбалската репрезентација на САД. Британскиот „Телеграф“, тврди дека Гвардиола, не планира да се врати на тренерската работа во блиска иднина.

Шпанскиот стручњак цврсто одлучил да направи пауза од најмалку една година по завршувањето на неговиот ангажман во Манчестер Сити и во моментов не е подготвен да разгледува понуди, без оглед на тоа колку се привлечни.

По многу години работа на највисоко ниво, Гвардиола сака да се одмори и да се посвети на својот приватен живот.,

Сепак, неговото име се појави како потенцијално решение за клупата на репрезентацијата на САД, која остана без тренер по заминувањето на Маурисио Покетино, кој го презеде Јунајтед.

Гвардиола никогаш не ја криел својата желба еден ден да ја преземе репрезентација и да ја предводи на големо меѓународно натпреварување.

Во минатото, тој разговараше со Италијанската фудбалска асоцијација, но не ја прифати можноста да стане тренер на „Азурите“.

И Англија покажа интерес за неговите услуги, пред да го ангажира Томас Тухел во 2024 година.

Шпанскиот стручњак покажа посебен интерес за Бразил, чија фудбалска традиција и репрезентација го фасцинираат долго време.

Соединетите Американски Држави имаат и посебна лична димензија за Гвардиола. Откако ја напушти Барселона во 2012 година, пред да го преземе Баерн, живееше во Њујорк, каде што уживаше во помирен живот и анонимност, далеку од секојдневниот притисок на фудбалот.

Сепак, според „Телеграф“, дури ни таа врска со Америка нема да биде доволна за да ја промени неговата одлука.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести