Сабота, 21 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Киксот на Ваљес ја спаси Севилја од пораз во „Ел Гран“ дербито

Фудбалерите на Севилја и Бетис ги поделија бодовите, одиграа 1:1 (0:0) во познатото „Ел Гран“ дерби, на Андалузија, во рамките на 13-то коло од шпанската Ла Лига.

Вечерва на „Рамон Санчез Писхуан“ домашниот тим едвај избегна пораз од својот најголем ривал. Од пораз го спаси голманот на Бетис, Алваро Ваљес, кој прими аматерски гол во 91-та минута.

Бетис водеше од 50-та минута со голот на Антони. Бразилецот од работ на шеснаесетникот, со левата нога го погоди спротивниот агол од голот на Влаходимос.

Од тој момент Севилја тргна на „се или ништо“ и пропушти голем број шанси пред конечно да го израмни резултатот во 91-вата минута.

Севилја избегна пораз, спречи голема радост во зелено-белиот дел од градот и остана на шестото место со 19 бода.

Бетис има 27 и моментално е четврти на табелата во Ла Лига.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести