Луис Енрике: Не сакам да се сретнам со Рома до финалето

Европскиот шампион Пари Сен Жермен не победи во Лигата на шампионите синоќа за прв пат оваа сезона. Ремизираа 2:2 со Рома во Париз, а по натпреварот, тренерот Луис Енрике не сакаше да бара алиби за бројните сериозни повреди, со кои се соочува, туку наместо тоа делеше комплименти за тимот на Рома и тренерот Џанпјеро Гасперини.
„Без сомнение, ова беше најтешкиот натпревар што ПСЖ го одигра оваа сезона, против Рома. Рома на Гасперини беше посебна, со многу карактер и исклучително агресивна, а тоа беше видливо од првите минути“, рече тренерот на Парижаните.
Тој додаде дека Рома постигна гол од првата вистинска можност и дека тоа беше многу тешко за неговиот тим.
„Беше тешко, навистина комплицирано, а тоа го кажаа и самите играчи. И честитам на Рома. Задоволен сум од овој бод, можевме дури и да изгубиме“, призна шпанскиот стручњак.
Потоа Луис Енрике презентираше многу интересен поглед за иднината на Рома…
„Подобро е да се зборува за иднината на Рома, а не за ПСЖ. Иднината на Рома е прекрасна, тие можат да го освојат Скудетото. Што се однесува до Лигата на шампионите, не се сомневам дека можат да завршат меѓу 24-те најдобри тима, се надевам дека ќе успеат. Не би сакал повторно да се сретнам со нив. Можеби во финалето…“, заклучи популарниот Лучо.
Foto/ Depositphotos


