Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Лукуми официјално стана играч на Јувентус

17.08.2026, 10:37

Поранешниот фудбалер на Болоња, Џон Лукуми, потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година.

Во соопштението беше објавено дека Јувентус ќе исплати отштета на Болоња од 20 милиони евра за репрезентативецот на Колумбија.

Исто така, се наведува дека се предвидени бонуси за колумбискиот фудбалер во максимален износ од два милиони евра, што ќе зависи од исполнувањето на одредени спортски цели.

Лукуми (28) пристигна во Болоња во 2022 година од Генк.

Тој играше за белгискиот клуб четири години, а својата кариера ја започна во тимот на Депортиво од Кали.

Одигра 42 натпревари за колумбиската репрезентација.

На 23 август, фудбалерите на Јувентус ќе бидат домаќини на Фрозиноне во првото коло од Серија А.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести