Вторник, 17 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Македонија немала полош селектор од Седлоски

Фудбалската репрезентација на Македонија, со шест порази, само еден постигнат гол, го заврши натпреварувањето во Б-дивизијата во Лигата на нации. Македонија се наоѓа во „црна дупка“, нема победа на последните 14 натпревар, последен пат репрезентацијата победи на 7 март 2025 година, кога во Скопје со 5:0 беше совладан аутсајдерот Лихтенштајн.

Македонија, вчера, во Скопје, загуби од Словенија со 0:3. Повеќе од поразот, били односот кон играта, поточно она што репрезентативците не го покажаа на теренот. Јасно е дека кога ќе се загубат шест натпревари во низа, не е само до фудбалерите, мора нешто да има и кај оно што ги повикува во тимот, што ги води тренинзите, ја крои тактиката.

Селекторот Гоце Седлоски, само два пати одигра нерешено и загуби осум натпревари откако ја презеде Македонија. Во неговиот мандат националниот тим постигна само еден гол (Растодер во 57-та минута, пред пет дена против Шкотска).

Ова, но и сите останати бројки, го прават Седлоски најлош селектор во историјата на националниот тим.

Логично се поставува прашањето дали планира да поднесе оствака, а тој не нуди конкретен одговор и покрај тоа што е јасно дека нема капацитет да ја води Македонија.

„Морам да се извинам во мое и во името на играчите на македонската јавноста за сите овие порази. Не знам што се случува. Играме на свој стадион, без желба, без мотив. Нде знам дали е до мене или до фудбалерите. Се извинувам. Долго време немаме победа. Разговаравме во соблекувална. Мора да видиме. Ќе видиме. Да преспиеме“, рече меѓудругото Седлоски по натпреварот со Словенија.

Инаку, доколку тоа е воопшто важно, кога репрезентацијата на теренот не личи на ништо, Македонија ќе се бори за опстанок во Б дивизијата, а противник ќе и биде Естонија, Молдавија, Фарските Острови и Белорусија.

Ждрепката за бараж-дуелите ќе се одржи на 20 ноември, додека натпреварите се предвидени за периодот од 25 до 30 март 2027 година.

Foto/ EPA/MICHAEL SCHMID

Поврзани вести