Маркез замина во пензија, Фернандез победи во Валенсија, Априлија е шампион меѓу конструкторите

Заврши сезоната во Мото ГП. Исто така, заврши и една ера, Марк Маркез замина во пензија. Анхел Нието, Џакомо Агостини и Марк Маркез се единствените тројца возачи во историјата на Мото ГП кои успеале да освојат десет шампионски титули, во сите три категории, и осум во таканаречената кралска класа.
Денес во Валенсија, Марк се збогува со спортот, отиде во заслужена пензија пензионирање на спектакуларен начин и ја возеше последната трка на златен мотоцикл пред да се пензионира.
И многу други поглавја се затворени – Франческо Бањаја го напушти Дукати, Хорхе Мартин ја напушти Априлија, Педро Акоста замина од КТМ… Некои, како Џек Милер и Бред Биндер повеќе нема да ги гледаме на патеките на Мото ГП… Голем број промени во тимовите нè очекуваат во следната сезона, која ќе започне во Тајланд (од 5 до 7 март следната година).
Што се однесува до последната трка од сезоната, Раул Фернандез славеше.
Марк Маркез беше на второто место, додека Педро Акоста беше трет.
Редоследот на првите десет е следно: Марко Бецеки, Хорхе Мартин, Аи Огура, Фермин Алдегер, Енеа Бастианини, Фабио ди Џанантонио и Жоан Мир.
Беше интересно од самиот почеток, Марк Маркез успеа да се пробие напред, но не го задржа долго првото место на специјално обоениот златен Дукати.
Раул Фернандез успеа да се пробие на првото место, во третиот круг и да направи убедлива разлика во однос на Маркез, кој остана на второто место, и Марко Бецеки на третото.
Фернандез набрзо остана сам на првото место, но зад него, Маркез и Бецеки водеа интересна борба.
Бецеки на крајот го загуби третото место – Педо Акоста успеа да го престигне и да се искачи на подиумот во својата последна трка во КТМ.
Априлија, прв пат во историјата ја освои конструкторската тотула во кралската класа.
Самиот почеток на трката го означи Марк Маркез, кој како десеткратен шампион се збогува со Мото ГП. Рано во неделата, Гресини објави дека Алекс Маркез нема да може да вози бидејќи бил хоспитализиран кратко време поради проблеми со дишењето, па затоа помладиот брат не доби шанса да вози заедно со својот брат. Прошталната трка на Марк ја глефаше од својата гаража.



