Милинковиќ-Савиќ е на продожба

Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го заврши својот престој во Ал Хилал следното лето.
Имено, според извештаите од Саудиска Арабија, тренерот Симоне Инзаги не би имал ништо против неговото заминување доколку пристигне соодветна понуда.
Информацијата ја објави познатиот саудиски новинар Абдулазиз Ал Марисел, а набрзо го привлече вниманието на локалната јавност. Името на српскиот играч од средниот ред беше меѓу најпопуларните теми на социјалната мрежа „X“ во Саудиска Арабија.
Според истиот извор, Милинковиќ-Савиќ има уште околу една година и седум месеци од договорот со клубот од Ријад, поради што раководството на Ал Хилал би можело да размисли за негова продажба во текот на следниот летен преоден рок и да се обиде да оствари финансиска добивка.
Сепак, засега нема официјална потврда дека српскиот репрезентативец е ставен на трансфер листата, ниту дека е донесена конечна одлука за неговата иднина.
Да ве потсетиме дека Сергеј пристигна во Ал Хилал во јули 2023 година од Лацио, во трансфер вреден околу 40 милиони евра.
Откако пристигна во Саудиска Арабија, тој прерасна во еден од најважните фудбалери на тимот, а неговата важност беше потврдена во октомври 2025 година, кога ја продолжи соработката до летото 2028 година.
Затоа, евентуалната разделба би претставувала значителна промена во плановите на саудискиот гигант, особено имајќи ја предвид улогата што ја имаше српскиот играч од средниот ред откако пристигна во клубот.
Foto/ Depositphotos



