Неизвесна е судбината на РК Партизан по промената на власта во Србија

Темни облаци се надвија над ракометниот клуб Партизан, по промената на власта во Србија.
Ракометниот клуб Партизан беше државен проект неколку години и клубот никогаш не го криел ова. Претседателот Миљан Жугиќ го нагласи ова во неколку наврати. По две последовни титули во српското првенство, четирите трофеи од минатата сезона и домашната доминација, оваа сезона клубот играше и во Лигата на шампионите, за прв пат по 13 години.
За тренер, на почетокот на сезоната беше ангажиран актуелниот селектор на Србија, поранешниот гтренер на Вардар и ПСЖ, трофејниот Шпанец Раул Гонзалез.
Идилата беше краткотрајна. По промената на власта на изборите на 25 октомври, беше јасно дека Партизан е најранлив. Управниот одбор, како што објави „Моцарт Спорт“, се уште не донел одлука за напуштање на клубот, но се очекува претседателот на црно-белите, Миљан Жугиќ, да поднесе оставка следната недела. Се очекува членовите на Управниот одбор и потпретседателите Дане Шијан, Момчило Мандиќ и Зоран Анѓелковиќ да го напуштат клубот.
Иако немаше официјална позиција, јасно е дека главниот финансиер и „алфа и омега“ на проектот, Владимир Мандиќ, повеќе нема да биде со клубот. Мадиќ, инаку е истакнат чле на Српската напредна партија, на поранешниот претседател, Александар Вучиќ.
Деновите на неизвесност и турбуленции во Хумска допрва доаѓаат. Партизан го создаде најскапиот тим во историјата на клубот и српскиот ракомет со буџет од околу 2.500.000 евра. Останува да се види каде ќе плови црно-белиот брод во наредните месеци, каква ќе биде судбината на играчите, како и на тренерот Раул Гонзалез.
Foto/ Starsport



