Перишиќ собори два рекорда во Лигата на шампионите

Реал Мадрид и ПСВ на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ (5:1) одиграа натпревар од петтото коло на Лигата на шампионите.
Гостите го постигнаа единствениот гол во 32-та минута, кога Иван Перишиќ реализираше пенал. Со тој гол, хрватскиот крилен напаѓач ја испиша историјата на елитното европско клупско натпреварување и постави два рекорда.
Со 37 години и 295 дена, Перишиќ стана најстариот играч кој постигнал гол од пенал во историјата на Лигата на шампионите, но и најстариот играч кој постигнал гол против Реал Мадрид во елитното натпреварување.
Хрватскиот фудбалер се искачи и на четвртото место на ранг-листата на најстари стрелци во историјата на Лигата на шампионите. Тој го престигна легендарниот Велшанец Рајан Гигс, кој го постигна својот последен гол во ова натпреварување на 37 години и 289 дена.
Пред Перишиќ сега се само Португалецот Пепе, Бразилецот Давид Луиз и Италијанецот Франческо Тоти. Рекордот го држи Пепе, кој постигна гол за Порто во декември 2023 година на возраст од 40 години и 290 дена.
Foto/ Depositphotos



