ПСЖ потврди, Дуе ја заврши сезоната

Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен потврди дека, крилниот напаѓач, Дезире Дуе ја заврши сезоната. Дуе се повреди во 41-та минута, во Ница, откако девет минути претходно погоди за предност на својот тим (1:2). Инаку, на крајот актуелниот првак победи со 1:3.
Како што се предвидуваше, Дуе ја претрпе најсериозната можна повреда, бидејќи ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, што значи дека оваа сезона е завршена за него.
Ова е голем удар за Парижаните, бидејќи Хвича Кварацхелија, поради иста повреда, на 20 октомври ја заврши сезоната, што значи дека Луис Енрике ќе брка трет трофеј во Лигата на шампионите без двајца исклучително важни играчи.
Дуе и Хвича беа меѓу најзаслужните за двата трофеи во Лигата на шампионите, сега Усман Дембеле и Магнус Акљуш ќе мора да го преземат поголемиот дел од работата.
Исто така јасно е дека Луис Енрике ќе добие нов крилен напаѓач во јануари.
Ду одигра 15 натпревари оваа сезона, постигна шест гола и забележа четири асистенции. Досега, тој постигна 35 гола и регистрираше 31 асистенција за ПСЖ.
Foto/ EPA



