Вторник, 27 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Синер има нов тренер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го ангажираше Швеѓанецот Магнус Норман за нов тренер, ексклузивно објавува британски „Тајмс“.

Норман треба да се приклучи на тренерскиот штаб во декември, кога ќе го замени Австралиецот Дарен Кејхил, кој објави крај на тренерската кариера по оваа сезона.

Симоне Ваноци, со кого соработува од 2022 година, ќе остане во тимот на Синер.

За време на неговата активна кариера, Норман стигна до второто место на АТП листата и освои 12 титули, додека неговиот најголем успех на Гренд слем турнирите беше финалето на Ролан Гарос во 2000 година.

Сепак, тој остави најголем белег како тренер, особено преку соработката со Швајцарецот Стен Вавринка.

Под негово водство, Вавринка ги освои сите три Гренд слем трофеи во својата кариера – Отвореното првенство на Австралија во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 година и Отвореното првенство на САД во 2016 година.

Во тој период, тој стигна и до третото место на АТП листата.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести