Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Успешно опериран Јаник Синер

Италијанскиот тенисер Јаник Синер беше успешно опериран во Финска.

Коленото на Синер го оперира професорот Ласе Лемпајнен, ортопед и еден од водечките светски специјалисти за спортска хирургија.

Операцијата вклучуваше илиотибијален појас, тетива што се протега по надворешната страна на бутот до коленото.

Лемпајнен ја изврши најмалку инвазивната и најмалку трауматска процедура за да го реши проблемот.

Времето за закрепнување се проценува дека ќе трае три месеци.

Синер не е на теренот од 12 јули и победата во финалето на Вимблдон.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести