Сабота, 28 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Алавез во Мадрид ја прекина победничката низа на Реал

Фудбалерите на Алавес го победија Реал во Мадрид со 2:1, во натпреварот од 14-то коло на Ла Лига. Екипата од Баскија ја прекина серијата на Реал од 10 победи во сите натпреварувања.

Големо изненадување на стадионот „Бернабеу“ го режираа Тони Мартинез во 22-та минута и Анхел Перез во 61-та минута, додека единствениот гол за „кралскиот клуб“ го постигна Килијан Мбапе во 69-та минута.

Џуд Белингам доби втор жолт картон во 88-та минута поради симулирање пенал, и тогаш беше јасно дека Реал нема да избегне пораз.

Екипата на Жозе Мурињо е трета на табелата со 33 бода, еден помалку од Атлетико и три од Барселона, која гостува кај Депортиво во недела.

Алавес поведе во 22-та минута, кога Мартинез ја искористи грешката на Хујсен, го заобиколи Куртоа и ја затресе мрежата.

Домашниот тим се обиде да израмни пред полувремето, но Белингам и Винисиус не беа прецизни, додека ветувачкиот удар на Мбапе беше блокиран.

Ребач постигна спектакуларен гол во 49-та минута, но тој беше поништен поради минимален офсајд.

Сепак, гостите го дуплираа водството во 61-та минута. Анхел Перез го искористи додавањето на Маријано Дијаз, но и уште една лоша интервенција на Хујсен и со тоа создаде огромен проблем за Реал.

Најчесто, Реал се закануваше по центаршути и шутеви од далечина, а резултатот го намали Мбапе во 69-та минута.

Домашниот тим продолжи да напаѓа, се чинеше дека Белингам изнуди пенал во финишот, но судијата Сото Градо, откако го погледна ВАР видеото, реши да му покаже жолт картон за симулирање и да го исклучи од играта.

Алавес славеше во Мадрид исто како пред шест години и моментално е осми со 19 бода, исто колку и Билбао и Севилја.

Поврзани вести