Четврток, 19 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Јокиќ почна, па Мареј го реши Бостон

Кошаркарите на Денвер го победија Бостон со 105:101 во ноќта по нас.

Во одличен натпревар, каде што Никола Јокиќ повторно се истакна, Нагетс успеаја да се вратат од голема негатива и на крајот да победат благодарение на поените на Мареј.

Бостон го отвори натпреварот подобро, упорно се обидуваше да се одлепи, но српскиот центар успеа да го држи својот тим во натпреварот и не им дозволи на Селтиксите да одат на поголема разлика во текот на првото полувреме.

Селтикс во финишот на првото полувреме имаа предност од 17 поени. Денвер се врати во третата четвртина, која ја доби со 12 поени разлика. Во финишот се појави Џамал Мареј и со четири поени го реши победникот.

Никола Јокиќ го предводеше победничкиот тим со 24 поени, девет асистенции и осум скока. Мареј го заврши натпреварот со 21 поен и седум скока, а Демар Дерозан исто така имаше убав настап со 18 поени.

На другата страна, Тејтум беше најефикасен со 24 поени, Кејта запиша дабл-дабл од 17 поени и 10 скока.

Резултати:

Кливленд – Мемфис 124:121
/Спенсер 26 – Мичел 32/

Индијана – Хјустон 104:119
/Сијакам 21 – Дурент 24/

Орландо – Филаделфија 116:121
/Ембид 26 – Вагнер 27/

Мајами – Милвоки 137:130
/Адетокумбо 27 – Јакуцонис 20/

Бруклин – Чикаго 107:137
/Демин 22 – Бузелис 25/

Торонто – Вашингтон 99:103
/Квикли 24 – Дејвис 25/

Далас – Голден Стејт 116:94
/Флег 33 – Ричард 20/

Њу Орлеанс – Детроит 109:122
/Вилијамсон 24 – Колинс 20/

Оклахома – Атланта 112:117
/Гилџис-Александер 34 – Оконгву 28/

Денвер – Бостон 105:101
/Јокиќ 24 – Тејтум 24/

ЛА Лејкерс – Јута 97:109
/Дончиќ 29 – Џорџ 30/

Сакраменто – Феникс 107:128
/Ејкаф 36 – Букер 29/

Поврзани вести