Петок, 16 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Прв пораз на ПАО во Евролигата – Мициќ со неверојатна тројка го реши мечот

16.10.2026, 23:15

Кошаркарите на Панатинаикос беа поразени дома од Хапоел од Тел Авив со 91:81 во шестото коло од Евролигата.

Ова беше прв пораз на тимот на Жељко Обрадовиќ оваа сезона во елитното европско натпреварување.

Вечерва во Арената „ОАКА“, Обрадовиќ беше запрен од кумот Димитрис Итудис кој, брилијантно го подготви натпреварот, го прочита поранешниот учител и му го зададе првиот удар. Израелскиот тим водеше речиси 40 минути, имаше +10 на почетокот од последниот дел, а потоа го издржа најсилниот напад на „зелените“ во финишот и ја заврши работата.

Српскиот кошаркар Василије Мициќ го погоди најважниот шут, на 68 секунди пред крајот, тешка тројка со што Хапоел стекна предност од седум поени.

Претходно, Елајџа Брајант постигна подеднакво важна тројка, откако ПАО се најде на еден поен негатива. Тројките на Брајант и Мициќ дефинитивно го свртеа натпреварот во корист на гостинскиот тим.

Најдобар како и обично оваа сезона беше Елија Брајант со 14 поени, 6 скока и 3 асистенции, а Зак Ледај постигна најмногу поени во гостинскиот тим, 17. Мициќ натпреварот го заврши со девет поени и осум асистенции.

Во поразениот тим, Силван Франциско беше убедливо најдобар со 22 поени, Бранку Бадио постигна 12, а Матијас Лесор постигна 11 поени.
Евролига, 6. коло:

Фенербахче – Партизан 74:65
Олимпија Милано – Дубаи 97:101
Валенсија – Макаби 88:91
Реал Мадрид – Асвел 111:92

Петок:

Бешикташ – Баерн 95:87
Жалгирис – Анадолу Ефес 70:85
Црвена звезда – Париз 90:81
Панатинаикос – Хапоел 81:91
Барселона – Олимпијакос 100:105 продолжение
Виртус – Басконија 86:78.

Foto/ EPA

Поврзани вести