(Видео) Руљи херој, Сити на пенали го елиминира Брајтон

Манчестер Сити избори пласман во четвртфиналето, во Лига (Карабао) купот на Англија. „Граѓаните“, по изведувањето пенали, во осминафиналето го елиминираа Брајтон. Апсолутен херој на Сити е голманот, Херонимо Руљи, кој не дозволи да биде совладан во четвртата и петтата серија.
Гостите поведоа по половина час игра, благодарение на Малик Јалкује, кој се снајде најдобро по ударот на Рутер и ја смести топката зад Руљи.
Одговорот на „граѓаните“ дојде десет минути подоцна, Фоден го проигра Матео Ковачиќ, кој испрати исклучително прецизен удар од околу 20 метри, кој се одби од стативата и заврши во голот на Брајтон.
Не поминаа ни две минути игра во второто полувреме кога Жоржињо Рутер ја испрати акцијата на Хаџам и го донесе тимот на Фабијан Хирцелер во ново водство.
Сити се врати во игра во 72-та минута кога Витор Реис, имаше малку среќа по слободниот удар на Шерки и постигна гол за 2:2.
Бидејќи од тој момент немаше промена во резултатот, започна изведувањето на пенали, а токму таму блесна Руљи. Искусниот аргентински голман во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Ајари и капитенот Данк. Единствениот пенал за Сити не го реализираше Ковалиќ во четвртата серија.
Foto/ Depositphotos

