Баерн Минхен се подготвува за сценарио во кое Михаел Олисе би можел да го напушти клубот. Иако францускиот фудбалер е важен дел од тимот, неговата иднина на „Алијанц Арена“ не е сигурна. Во Германија веќе некое време се зборува за неговото можно заминување, а Реал Мадрид претходно покажа интерес за 24-годишниот крилен напаѓач.
Додека шпекулациите продолжуваат за статусот на Олисе, Баерн повторно го насочи вниманието кон познато име. Според информациите од германски „Билд“, раководството на баварскиот клуб размислува за нов обид да го доведе Флоријан Вирц.
Германскиот репрезентативец, кој минатото лето се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул, претходно беше голема желба на Баерн, но трансферот тогаш не беше реализиран. Доколку Олисе го напушти клубот, Баерн го гледа Вирц како идеална замена.
Килијан Мбапе се споменува како еден од факторите за потенцијалниот трансфер на Олисе во Реал Мадрид. Германските медиуми објавуваат дека Мбапе, соиграчот на Олисе од репрезентацијата, се обидел да го убеди да му се придружи во Мадрид.
Засега нема официјална потврда дека Олисе ќе го напушти Баерн, ниту дека Вирц ќе го напушти Ливерпул. Сепак, се чини дека во Минхен планираат неколку чекори напред за да бидат подготвени за сите опции.
Foto/ Depositphotos







