Петок, 20 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Баерн не успеа да го победи Келн и остана без Кејн и Олисе

Фудбалерите на Баерн загубија бодови во Бундеслигата по ремито со Келн (1:1). Катастрофално за Баерн е што остана без Хари Кејн и Михаел Олисе.

Двајцата најдобри играчи на тимот се повредија во текот на натпреварот, едниот во првото полувреме, другиот во второто полувреме, очигледно сериозно, и не можеа да продолжат.

Ова е нов и тежок удар за Баварците и тренерот Винсент Компани, кои сега се без сите тројца напаѓачки играчи и креатори на најголем број голови оваа сезона: Луис Дијаз, Кејн и Олисе.

Без нив во поставата, Компани ги има Биндер, Бишоф, Браун и Ленарт Карл во напаѓачката линија.

Следуваат многу предизвикувачки денови за Баварците.

Кејн го повреди глуждот во 20-та минута и и покрај медицинската интервенција, ја напушти играта. Беше заменет од Том Бишоп.

Олисе, мораше да излезе веќе во првата минута од вториот дел при обид за шут. Наместо топката, тој силно ја удри ногата на играч на Келн и заврши на тревата со грч на лицето.

Беше заменет од Тим Биндер, кој на тој начин го имаше своето деби во Бундеслигата (тој веќе го имаше направено своето деби за Баерн во Купот).

Германските медиуми објавија дека Олисе го напуштил стадионот со помош на патерици.

X (Twitter)

oops, Olise! pic.twitter.com/SF5U6VE6Uw

— amabayernista (@quai97064) November 20, 2026

Погледни на X

Што се однесува до самиот натпревар, гостите први поведоа. Стрелец беше Мики Мур по совршено изведен контранапад откако гостите им ја одзедоа топката на Баварците длабоко во својата половина. Мур постигна гол во 12-та минута.

Натаниел Браун израмни со удар од 18 метри, крунисувајќи ја иницијативата на Баерн.

Очигледно е дека повредите на Кејн и Олисе имаа силно влијание врз моралот и квалитетот на играта на тимот од Минхен, кој, и покрај сè што се виде во вториот дел од натпреварот, сепак добро се снајде со нерешен резултат.

Гостите дефинитивно беа поблиску до победата, бидејќи пропуштија две или три многу веројатни шанси пред голот на Урбиг. Во тие ситуации голманот на Баерн забележа две спектакуларни интервенции.

Foto/ EPA

Поврзани вести