Расел: Притисокот е врз Кими, а јас ќе се тркам од трка до трка

Џорџ Расел (28) успеа да го намали водството на Кими Антонели во шампионатот во Формула 1 минатиот викенд, откако ја оствари својата трета победа во сезоната, осма во кариерата. Расел победи на трката за Големата награда на Азербејџан.

Британскиот возач тврди дека притисокот е поголем врз Антонели како што сезоната се ближи кон крајот. Сепак, според него, младиот Италијанец останува голем фаворит за освојување на својата прва титула, бидејќи предноста од 66 поени е сè уште огромен капитал.

Во Баку, новинарите го прашаа британскиот играч дали чувствува помал притисок во споредба со Антонели?

„Да, дефинитивно. Притисокот е многу помал врз мене отколку врз него. Тој имаше беспрекорна сезона. Во петокот (во кавлификациите), тоа беше веројатно неговата прва грешка во целата сезона во официјална сесија – квалификации, или трка, а сепак заврши петти“, се присети Расел.

Британецот ја започна сезоната силно, со убедлива победа во Австралија. Сепак, оттогаш не успеа постојано да се натпреварува со својот клупски колега, што го наведе да признае дека станал аутсајдер во трката за титулата.

„Неколку трки не се сметав себеси за дел од оваа борба, едноставно затоа што моите перформанси не беа доволно силни. Чувствувам дека ако сезоната почнеше денес или по летната пауза, би можел да се борам. Сега имам сериозна одговорност. Работите можат брзо да се променат, но јас не го бркам тоа. Ја бркам победата на секоја трка, и што и да се случи, ќе се случи“, објасни Британецот.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top