(Видео) Италијански херој, Андреа Кими Антонели

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, стана 36-ти шампион во историјата на Формула 1 и ѝ ја донесе на Италија четвртата титула.
Антонели до титулата дојде на четири трки пред крајот на сезоната, благодарение на третото место на Големата награда на Мексико. Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја забележа третата победа во сезоната, 74-та во кариерата, пред Луис Хамилтон во Ферари и новиот шампион Антонели.
Андреа Кими Антонели, стана најмладиот шампион во историјата на Формула 1. Титулата ја освои на возраст од 19 години и 68 дена.
Титулата на Антонели се слави во Италија. По 73 години оваа земја повторно има шампион во најбрзиот циркус.
Италијанците ги освоија сите титули, пред оваа на Антонели, во педесеттите години од минатиот век, всушност во првите четири години од постоењето на Формула 1.
Во 1950 година, Џузепе Фарина стана првиот шампион во историјата, зад воланот на Алфа Ромео, а Италијанците чекаа до 1952 година за следната титула. Тогаш Алберто Аскари ја освои својата прва титула, а потоа ја одбрани следната сезона.
Низ историјата, вкупно 100 Италијанци возеле барем една трка во Формула 1, а најблиску до повторување на успехот постигнат од Фарина и Аскари, пред Антонели, беше Лоренцо Бандани во 1964 година.
Бандани, за шест поени остана без титулата таа сезона, која му припадна на Џон Сартис, кој влезе во историјата станувајќи единствениот шампион во Формула 1 и Кралски шампион во мотоциклизам.
Уште двајца италијански возачи не мошеа подалеку од второто место. Микеле Алборето беше втор во 1985 година, зад Ален Прост, кој тогаш ја освои својата прва од четирите титули.
Седум години подоцна, Рикардо Патрезе беше второпласиран, зад неговиот колега од Вилијамс, Најџел Менсел.
Секако мора да се спомене дека Фарина, исто така бил вицешампион, во 1952 година, кога Аскари го победи во борбата за титулата.
Foto/ EPA


