Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Свет

2701 вести во последните 90 дена
(Видео) Трамп до поддржувачите: Би можел да кажам и најголеми глупости, а вие би ми аплаудирале

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на своите поддржувачи во Тенеси дека би можел да каже „најголеми глупости“, а тие сепак би му аплаудирале. Претседателот одржа митинг во саботата во Кларксвил, на околу 80 километри северозападно од Нешвил, со цел дополнително да ги мобилизира своите лојални поддржувачи…

13.10.2026
Скокнала од крузер во близина на Закинтос бидејќи „сакала да се симне“: поминала 20 часа во морето

Грчката крајбрежна стража соопшти дека е спасена 44-годишна жена која поминала 20 часа во Јонското Море, откако наводно скокнала од брод за крстарење. Државјанката на Ел Салвадор била пронајдена во свесна состојба, а во потрагата учествувале неколку пловни објекти, пренесува „Еуроњуз“. Инцидентот се случил во петокот…

13.10.2026
Актерот од популарната серија „Breaking Bad“ пронајден мртов

Американскиот актер Ар Џеј Мити, познат по улогата на Волтер Вајт Џуниор во хит-серијата „Breaking Bad“, почина на 34-годишна возраст, пренесува TMZ. Според овој американски медиум, смртта на актерот ја потврдил службеник од округот во Тексас каде што Мити починал во понеделникот, 12 октомври. ‘Breaking Bad’ star RJ…

12.10.2026
(Видео) Британскиот премиер: Иранската револуционерна гарда планирала напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“

Планираниот напад врз воздухопловната база „РАФ Ферфорд“ во Британија, најверојатно бил координиран од Иран, а зад него речиси сигурно стои Иранската револуционерна гарда, изјави британскиот премиер Енди Бeрнам. Случајот е поврзан со настаните од 27 септември, кога полицијата уапси петмина Британци на возраст од…

12.10.2026
Зеленски: Потребен е притисок врз Русија, нападите продолжуваат

Володимир Зеленски објави дека Украина е подготвена да го спроведе енергетското примирје предложено од Доналд Трамп, но истакна дека Русија во моментов не покажува знаци оти има намера да го стори истото. Тој изјави дека успехот на деескалацијата во голема мера ќе зависи од ставот на САД и го повика Вашингтон да го…

12.10.2026
„Златната купола“ на Трамп оди кон Гренланд: мнозинството пратеници го поддржуваат договорот

Мнозинството пратеници во Гренланд го поддржаа безбедносниот договор со Соединетите Држави, и покрај тоа што претставниците на опозицијата изразија сомнеж во неговата економска исплатливост. Се очекува договорот, кој сега оди на второ читање и конечно гласање во парламентот, официјално да биде усвоен, пренесува…

12.10.2026
(Видео) Калас: Ако на Украина ѝ се потребни повеќе пари, Русија треба да плати

На Украина ѝ е потребна помош за да опстане, а најлогично е Русија да ја плати штетата што ја предизвикува; следствено на тоа, прашањето за користење на замрзнатите руски средства повторно е актуелно, изјави Каја Калас, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика. Европската Унија обезбеди…

12.10.2026
Хегсет сака јавен пренос на погубувањето на поранешниот мајор од американската армија, Трамп сега изразува сомнежи

Доналд Трамп приватно изразил сомнеж во планот на Пентагон за пренос во живо на погубувањето на поранешниот мајор од американската армија, Нидал Хасан – кој е осуден за убиство на 13 лица во Форт Худ во 2009 година – пренесува „Аксиос“, повикувајќи се на четворица соговорници на американскиот претседател. Во…

12.10.2026
Црна Гора го затвори 21 поглавје: има за цел да ги заврши преговорите со ЕУ оваа година

Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во Луксембург, со што вкупниот број на затворени поглавја достигна 21. На меѓувладината конференција за пристапување кон ЕУ, земјата ги заврши преговорите за поглавјата што се однесуваат на Економската и монетарната политика, Статистиката и Социјалната политика и…

12.10.2026
(Видео) Се урна пакистански воен авион; загинаа двајцата пилоти

Мал воен авион за обука на пакистанската армија се урна денес во близина на градот Квета во југозападен Пакистан, при што загинаа двајцата пилоти, соопшти војската. Според агенцијата АП, несреќата се случила во близина на Наван Кили, во областа на Квета – главен град на провинцијата Балучистан, која граничи со…

12.10.2026
Аеродромот во Ријад останува затворен: Саудијците откриваат нови закани

Саудиска Арабија беше принудена да ги суспендира сите летови кон и од нејзиниот главен меѓународен аеродром во Ријад до следната сабота, откако нов бран ракетни напади од страна на Хутите предизвика дополнителни штети и доведе до смрт на едно лице, пишува „Гардијан“. Властите соопштија дека суспензијата е воведена по…

12.10.2026
По критиките за договорот со Путин, се огласи Трамп: Ја донесов вистинската одлука

Доналд Трамп денес го бранеше својот договор со Владимир Путин за увоз на руски дизел во САД преку објава на својата платформа за социјални медиуми, „Truth Social“, откако овој потег предизвика остри критики во Европа, Украина и во делови од американскиот Конгрес. „Ја донесов вистинската одлука“ Трамп сега тврди дека…

12.10.2026