Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Свет

2701 вести во последните 90 дена
(Видео) На Саудијците им снемуваат ракети за одбрана од нападите на Хутите, објави „Волстрит журнал“

Саудиска Арабија се соочува со недостиг на пресретнувачки ракети што се користат за одбрана од нападите на Хутите, објави „Волстрит журнал“ (WSJ), повикувајќи се на саудиски официјални лица. Кралството врши преместување на системите за противвоздушна одбрана за да ги заштити клучната енергетска инфраструктура и…

12.10.2026
Словенците гласаа на референдуми; Јанша: Го положивме тестот на здравиот разум

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска, по објавувањето на делумните и неофицијални резултати од референдумот, изјави дека Словенците положиле тест на здрав разум. Тој најави дека владата ќе ја почитува волјата на граѓаните, додека лидерот на опозицијата Роберт Голоб изјави дека владата нема доверба кај јавноста…

12.10.2026
(Видео) Судот забрани користење јавни средства за реклами што го величаат Трамп

Суд во Њујорк вчера ѝ забрани на администрацијата на Трамп да користи јавни средства за плаќање политички реклами, по емитувањето на телевизиски спотови финансирани од јавни пари кон крајот на септември, во кои се величаше американскиот претседател Доналд Трамп. Судијка забрани емитување на контроверзни реклами…

12.10.2026
Американските авиокомпании се повикани на претпазливост при летовите кон Саудиска Арабија

Американската Федерална управа за авијација (FAA) вчера ги повика американските авиокомпании на претпазливост при летови кон или над Саудиска Арабија, наведувајќи безбедносни закани поврзани со тековните воени активности и попречувањето на навигациските системи. Известувањето на FAA, кое важи до 10 декември, уследи по…

12.10.2026
Најопасната закана на Америка за Украина досега: „Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа“

Администрацијата на Доналд Трамп ги предупреди Украина и нејзините европски сојузници дека САД би можеле да ја прекинат размената на разузнавачки податоци и европската набавка на американско оружје за Украина. Условот е Киев да престане со нападите со долг дострел врз руските енергетски капацитети. Оваа информација за…

12.10.2026
Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети

Јужнокорејската војска потврди дека Северна Кореја истрелала неколку балистички ракети кон морето на исток. Здружениот штаб на јужнокорејските вооружени сили соопшти дека ракетите биле лансирани од областа на Пјонгјанг, каде што се наоѓа аеродром што Северна Кореја го користела за вакви тестирања во последните години…

12.10.2026
(Видео) Дедо уби осум лица, вклучително и внуци: детали за масовното пукање во Пенсилванија

Осум лица загинаа во масовно пукање што се случи во петокот во градот Ири, Пенсилванија. Меѓу жртвите имаше мали деца и бремена жена. Ири се наоѓа во северозападниот дел на Пенсилванија, на брегот на езерото Ири, на околу 190 километри северно од Питсбург. Напаѓачот бил 45-годишен дедо кој ги убил членовите на…

12.10.2026
НАТО има „теорија за победа“ во случај на војна со Русија

Се очекува највисокиот воен командант на НАТО денес да упати предупредување до Русија во врска со способноста на Алијансата да одговори на каков било напад. Оваа порака доаѓа во време на зголемена загриженост поради заканите од Москва, пренесува „Киев пост“. „Теорија за победа“ како одговор на саботажа Претставници на…

12.10.2026
Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека е „многу претпазлив“ во однос на истополовите бракови, кои не се дозволени во Унгарија. Тој додаде дека за детето е подобро да расте со истополови родители отколку во дом за деца и најави промена на правилата за поединци кои сакаат да посвојат дете. „Да, многу сум претпазлив…

12.10.2026
Русија изгуби над 50.000 војници во септември, пренесува „Блумберг“

Русија изгуби повеќе од 50.000 војници во септември – од кои над 28.000 загинаа – изјави неименуван претставник на НАТО за „Блумберг“. Загубите во септември беа најголеми во текот на годината, а бројката е блиска до официјалните проценки на Генералштабот на Украина. Според нивните податоци, Русија изгубила 46.230…

12.10.2026
(Видео) Русите погодија станбена област кај Харков; загинаа тинејџери

Најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени во вчерашниот руски ракетен напад врз станбена област во Писочин, населба во близина на Харков. Украинската национална полиција соопшти дека меѓу загинатите имало 16-годишно момче и две жени, на возраст од 19 и 51 година. Ракетата погодила место во близина на продавница и…

12.10.2026
(Видео) Река во Непал носеше сè пред себе; пет лица се водат како исчезнати

Спасувачки екипи на непалската армија денес пристигнаа во селата погодени од ненадејни поплави, кои претходниот ден го зафатија подрачјето долж реката Буди Гандаки во централен Непал. Тие доставуваат храна и залихи, а истовремено евакуираат жители и туристи, користејќи хеликоптери и копнен транспорт, пренесува АП…

12.10.2026