Вторник, 24 ноември 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Свет

2678 вести во последните 90 дена
„Гугл“ објави нови снимки, уништувањето на Појасот Газа е видливо од вселената

Google Earth ги ажурираше своите сателитски снимки од Појасот Газа, а новите фотографии го откриваат обемот на уништувањето по израелските воени операции. На големи делови од територијата, областите што некогаш биле густо изградени, сега се покриени со урнатини. Не е точно познато кога Google ги ажурирал снимките…

28.09.2026
Укинат имунитетот на Петер Маѓар

Унгарскиот парламент изгласа укинување на пратеничкиот имунитет на тројца пратеници, меѓу кои и премиерот Петер Маѓар, додека обвинителството продолжува со кривичните истраги против нив. Обвинителите го истражуваат Маѓар под сомнение за кражба, откако тој наводно му го одзел мобилниот телефон на еден маж за време на…

28.09.2026
Данска: НАТО останува на Гренланд; Арктикот станува сè поважен

Данска е уверена дека НАТО долгорочно ќе го задржи засиленото присуство на Гренланд и во поширокиот регион на Арктикот, изјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус. Неговата изјава уследи по потпишувањето на безбедносен договор со САД, пренесува „Ројтерс“. Претходно оваа година, НАТО ја започна мисијата „Арктичка…

28.09.2026
(Видео) Русија ја нападна Академијата на науките во Киев, пријавени се жртви

Руските сили денес извршија жесток воздушен напад врз Киев, при што зградата на Националната академија на науките на Украина беше една од главните цели. Според првичните информации објавени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, има цивилни жртви, а на местото на настанот е во тек голема спасувачка операција…

28.09.2026
Дмитријев за Калас: Нека чита книги за да стане попаметна, таа е диверзија на ЕУ против Европа

Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитријев, реагираше на изјавата на шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, дека, според разузнавачките информации, Русија подготвува нови акти на саботажа против демократијата во ЕУ…

28.09.2026
САД: Иран нема контрола врз Ормускиот теснец, ние ја потопивме нивната морнарица

Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) денес ги отфрли тврдењата на висок ирански воен функционер дека Револуционерната гарда „целосно го контролира“ Ормускиот теснец. CENTKOM изјави на платформата Икс дека тврдењата дека „Иран има целосна контрола врз Ормускиот теснец се неточни“. „Иран нема…

28.09.2026
Лукашенко го менува врвот на армијата; „Сакам да бидеме подготвени“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, назначи нов заменик-началник на својата администрација, началник на Генералштабот на вооружените сили, односно прв заменик-министер за одбрана. Вкупно, како што објавија медиумите, Лукашенко донел 28 одлуки за назначувања. Павел Муравејко беше назначен за…

28.09.2026
Хамнеи: Иранските сили го турнаа непријателот кон Арапското Море, наскоро ќе го протераме и оттаму

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека иранските сили ги турнале „непријателските сили“ од водите покрај јужен Иран кон Арапското Море и додаде дека иранските сили наскоро ќе ги турнат и од Арапското Море. „Откако претрпеа болни удари од нашите храбри борци и чуварите на Ормускиот теснец, тие не се…

28.09.2026
САД развиваат нова ракета за одвраќање на Русија и Кина

Соединетите Американски Држави го забрзуваат развојот и производството на нова генерација ракети со долг дострел PrSM, кои постепено треба да ги заменат системите ATACMS, а една од целите на програмата е зајакнување на американските капацитети за операции со долг дострел во Европа и Пацификот. На 21 септември…

28.09.2026
Макрон: Европа мора да се спротивстави на враќањето на национализмот

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Европа да ја пронајде храброста на своите основачи и да се спротивстави на повторното јакнење на национализмот. Во говор во Мец, во присуство на папата Лав XIV, Макрон рече дека Европа треба да биде сила на мирот, независноста и демократијата и да не потклекнува…

28.09.2026
Во Холандија евтаназирано двегодишно дете, прв ваков случај

Двегодишно дете во Холандија било евтаназирано, што според досега објавените информации е прв ваков случај кај дете помладо од 12 години кое не било новороденче. Детето било родено предвреме, во 26. недела од бременоста, и имало тешко оштетување на мозокот, церебрална парализа, оштетен вид и епилептични напади кои не…

28.09.2026
Поранешен француски претседател: САД, Русија и Кина вршат притисок врз Европа

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, оцени дека Европа се соочува со „егзистенцијална криза“ и дека е изложена на силен притисок од големите светски сили – Соединетите Американски Држави, Кина и Русија. Оланд во интервју за шпанскиот „Ел Паис“ изјави дека светот е во сè поопасен и суров период, во кој…

28.09.2026